Со четирите финални меча од Лига нации се комплетира листата со учесници на ЕП

По одигрувањето на денешните четири финални натпревари од сегментите во првото издание на  Лигата на нации ќе биде комплетиран листата со 24. учесници на завршницата од јубилејното ЕП-2020, кое поради пандемијата од коронавирусот е пролонгирано да се одигра идното лето. Покрај воведниот натпревар кој од 18 часот ќе го одигра македонската репрезентација во Тбилиси со соодветната домашна селекција Грузија, во терминот од 20.45 часот се играат и преостантите три средби во кои се среќаваат: Унгарија – Исланд, Северна Ирска – Словачка и Србија – Шкотска.

ЕП ќе се одигра од 11 јуни до 11 јули 2021 година во 12 градови ширу „стариот континент“. Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи:

А група: Турција, Италија, Велс, Швајцарија.

Б група: Данска, Финска, Белгија, Русија.

Ц група: Холандија, Украина, Австрија и победникот од Грузија-Македонија.

Д група: Англија, Хрватска, Чешка и победникот од Србија – Шкотска.

Е група: Шпанија, Шведска, Полска и победникот С. Ирска – Словачка.

Ф група: Португалија, Франција, Германија и победникот Унгарија – Исланд.

 

Треба да знаете
Последни објави