Нова сообраќајна сигнализација на улиците во населбата Лисиче

Деновиве се обележува нова хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во населбата Лисиче во Општина Аеродром. Сигнализацијата ги опфаќа споредните улици, каде што се поставуваат и нови знаци, а целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Општина Аеродром неодамна постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација со која се воведе еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово во правец кон Железничката станица.

Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот што е еден од приоритетите на Општина Аеродром.

Треба да знаете
Последни објави