Тејлор Хил во креација што го одзема здивот

Имаше 18 години кога првпат прошета по пистата за „Викторија сикрет“ во 2014 година.

А во средата вечерта Тејлор Хил ги привлече погледите на присутните кога се појави на црвениот тепих на ЦМА-наградите во Нешвил, Тенеси.

Моделот, кој сега има 24 години, едноставно, беше беспрекорна во црн дводелен костим на „Версаче“ и златен ѓердан.

Долгоногата убавица од Илиноис ја покажа својата тенка фигура во елегантната креација на која највпечатив беше горниот дел со драматично асиметрично деколте.

Треба да знаете
Последни објави