Поп-рок пејачката Дани Димитровска освен што се занимава со пеење, нејзината втора пасија отсекогаш биле филмовите. Па дури и некоја мала улога во нив го топлат нејзиното срце, но секако тука е и нејзиното синче Лазар, со кое се неразделни.
– Отсекогаш сакав филм. Отсекогаш сакав кино. Од времето на моето детство со татко ми за раче, пешки до кино „Култура“ на цртаниот „Бамби“. Се воодушевував на џиновското платно и бев уверена дека со еден скок во тоа платно ќе влезам во шумата на Бамби… Само тогаш не плачев при чешлањето и врзувањето на косата во кики и само тогаш не ми беше важна шеќерната волна од парк, која следуваше секогаш после кино, напиша Димитровска.
– Во оваа денешна зрелост, филмот е сè уште возбуда. Посебно се радувам на македонски филмови. А кога сум дел од нив, па макар со мал удел на среќата ѝ нема крај. После „Панкот не е мртов” ова ми е второ филмско искуство. Фала од срце на доверителите. „Хомо” е скопски филм за нашата генерација и времето во кое живееме. „Хомо” е филм што се случува овде и сега и е приказ на нашето општество во кое се доведени во прашање примарните човечки вредности, додава Дани…
Преземено од Вечер