Црвена ѕвезда вложи жалба до кошаркарската Евролига со барање за службена победа или одигрување нов натпревар против Барселона, откако шпанскиот клуб на контроверзен начин победи на гостувањето во Белград по продолжение со (99-94).
Спорниот момент се случи во финишот на регуларниот дел кога кошаркарот на Барселона Никола Миротиќ со тројка го однесе натпреварот во продолжение, но пред завршниот удар ја нагази аут – линијата.
Судискиот превид денеска го потврди и Евролигата, истакнувајќи дека поените на Миротиќ биле нерегуларни.
„За време на натпреварот од 16. Коло во Евроолигата меѓу Црвена ѕвезда и Барселона, на 8.2 секунди до крајот Кори Хигинс ја уфрли топката, направи дриблинг и го проигра Никола Миротиќ. Додека ја прифаќаше топката, Никола Миротиќ ја газеше линијата и на тој начин беше вон теренот, што требаше да резултира со одземање на топката и враќање во посед на Црвена ѕвезда на 3.3 секунди до крајот”, соопшти Евролигата