Ибрахимовиќ сака да го продолжи договорот со Милан, уверен е дека тимот ќе влезе во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да продолжи да игра за италијанскиот клуб. Триесет и деветгодишниот Швеѓанец сака да го обнови договорот со клубот, пренесува „AC Milan Reports”.

Неговиот сегашен договор истекува во летото 2021 година.

Забележано е дека Ибрахимовиќ е уверен дека клубот ќе може да влезе во Лигата на шампионите според досегашните резултати и игри од тековниот италијански шампионат.

Ибрахимовиќ оваа сезона постигна осум гола на пет натпревари во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави