Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе игра во групата „Токио 1970″ на финалето на АТП во Лондон против Данил Медведев, Германецот Александар Зверев и Аргентинецот Диего Шварцман.
Во втората група „Лондон 2020″ ќе играат Шпанецот Рафаел Надал, Австриецот Доминик Тим, Гркот Стефанос Циципас и Русинот Андреј Рубљов.
Завршниот турнир се одржува по 50-ти пат, последен пат во Лондон пред да се пресели во Торино, а Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои шестата титула.