Премиерниот настап на македонската фудбалска репрезентација на завршницата од Европското првенство кое идната година ќе се одржи ширум „стариот континент“ ќе биде запаметен и по тоа што „црвено-жолтите“ ќе бидат единствениот државен тим кој ќе го претставува регионов на овој јубилеен собир. Македонија ја совлада Грузија во Тбилиси (1:0) и си го оставри скоро тридеценискиот сон да биде дел од едно големо натпреаврување.
Србија синоќа имаше прилика да и се придружи на македонската селекција, но ја прокоцка својата шанса на пенал-рулетот со Шкотска во Белград. Другите земји од опкружувањто не се изборија низ редовните квалификации како и дополнителната шанса која УЕФА им ја даде на селекциите преку Лигата на нации.