„Бугарија продолжува да ја поддржува идејата за интеграција на Западен Балкан во европските структури, но тоа не може да се случи безусловно дури и во случај на неисполнување на договорите што постојат билатерално меѓу Бугарија и соодветните балкански држави“, изјави вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов во бугарскиот парламент.
Каракачанов ги информираше пратениците за односите на Бугарија со Македонија, рамката за преговори и можниот почеток на преговорите на нашата држава за членство во Европската унија.
Вицепремиерот даде уверување дека неговата држава се придржува на своите позиции кон потпишаниот договор за пријателство и добрососедство и рамковната позиција, потврдена со декларацијата од бугарскиот парламент.
-Прво, никој не изврши притисок врз бугарската влада. Во моментов, германското претседателство само ја искажа позицијата да биде медијатор, доколку е потребно, за разговори меѓу двете земји. Немаше притисок врз бугарската влада. Второ, во разговорите со претставниците на Северна Македонија, Бугарија го потврди својот јасен став дека сме „за“ членството на Македонија во ЕУ, но веруваме дека договорот од 1 август 2017 година не се спроведува согласно неговите одредби. Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем заснован на лажни факти, Каракачанов е категоричен, нема начин Бугарија да се согласи да ја закаже првата меѓувладина конференција за започнување преговори за пристапување на С. Македонија кон ЕУ, рече бугарскиот вицепремиер.