17,2 милиони евра за поддршка на инвестиции на 400 компании, грижата за економијата продолжува

Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ

 

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со сериозна поддршка за домашната, македонска економија. Преку мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на компаниите во текот и во пост КОВИД-19 периодот, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. Ова е една од мерките од третиот пакет односно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста наменета за приватниот сектор, поточно, за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат.

Преку овој вид на поддршка, го поттикнуваме зголемувањето на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, зајакнување на конкурентноста, со крајна цел отворање на нови работни места и задржување на постојните. Согласно условите, овие 400 компании веќе имаат започнато инвестициски циклус или ќе инвестираат во текот на 2021 година.

Станува збор за инвестиции во периодот март 2020 година до декември 2021 година, а вкупната инвестиција на избраните компании е проценета на 89 милиони евра. Поддршката од 17.2 милиони евра е наменета за компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот.

И во време на сериозна глобална економска и здравствена криза, државата застанува зад секој компанија, зад секое работно место.Политиките што како одговорна партија ги реализираме значат силна поддршка на домашната економија, помош за секој граѓанин погоден од кризата.

Продолжуваме со грижата за сите, уште повеќе и уште подобро.

Треба да знаете
Последни објави