Најмалку 20 мигранти се удавија денеска кога им потонал бродот крај либискиот брег, соопштија Лекари без граници (ЛС).
Рибарите од морето спасиле три жени, соопшти оваа хуманитарна организација на Твитер.
Несреќата се случила само неколку часа откако се удавија најмалку други 74 мигранти, кога нивниот брод потонал на поморската маршрута од Либија кон Европа.
Од октомври до сега во Медитеранот се случија најмалку осум бродоломи, во кои имаше настрадани мигранти.