Полицијата трага по Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во „Монструм“. Исмаиловиќ денеска беше во судницана рочиште за случајот, а за него како и за Фејзи Азири, обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор бидејќи како што рече кривичната постапка е при кај.
Но, наместо да бидат задржани во судот до одлука на Кривичниот совет, тие слободно си излегле, по што сега според информации, нема ниту трага ни глас од Агим Исмаиловиќ.
За Исмаиловиќ имало сомнеж дека може да избега во Косово, додека Фејзи Азири иако веќе издржува затворска казна, бил во полуотверно одделение и користел многу поволности, како одмор летово и затоа има страв дека ќе избега. Фетаи објасни дека бара ваква мерка, поради запретената казна, доживотен затвор. Дополнително Фејзи Азири имал косовско државјанство и било лесно да замине таму. За Хаки Азири предлогот е, секој ден да се јавува во судот. Дополнително обвинителството пресмета дека на обвинетите им останала можност во ефективен притвор да бидат уште 3 месеци 25 дена.