Во БиХ евидентирани над 1.200 заразени од корнавирусот за еден ден

Во Босна и Херцеговина се потврдени повеќе од 1.200 нови случаи на заразени лица од коронавирусот, што е под дневниот просек од оваа седмица, но бројот на починатите од 57 во изминатите 24 часа повторно е голем и потсетува дека стапката на смртност во земјата постојано расте од почетокот на ноември.

Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје, во изминатите 24 часа биле тестирани малку помалку од три илјади примероци, а заразата е потврдена кај 770 лица од Федерацијата БиХ и кај 511 од Република Српска.

Во Федерацијата БиХ починало 31 лице, а во Република Српска се забележани 26 смртни случаи поврзани со коронаинфекцијата.

Стапката на смртност кај лицата заразени со коронавирусот во БиХ е најголема во региотнот бидејќи заклучно со 11-ти ноемврии изнесувала 14,4 на 100.000 жители, пренесуваат локалните медиуми. Овој покаател е само малку подобар од Чешка и Белгија, кои бележат по 26 односно 21 смртен исход на заразените на 100.000 жители, но е значително полош од, на пример, соседна Хрватска која бележи 9,7 смртни случаи.

 

Треба да знаете
Последни објави