Уапсен е Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот Монструм кому денеска му беше определен притвор.
Претходно обвинетиот не беше достапен за полицијата иако денеска бил на судското рочиште кое е одложено и по кое е определена мерка притвор за Исмаиловиќ и за Фејзи Азири.
Исмаиловиќ првично не бил достапен на полицијата. Но пред 16 часот, полициски патроли од одделот за потраги го лоцирале во населбата Ченто во областа на улица Алија Авдовиќ каде што и живее. Полицијата го привела по што ќе следи реализацијата на судската одлука за определен притвор.
Кривичниот суд објави дека за двајца обвинети (Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ) за 5-кратното убиство на Смилковското Езеро е определен притвор по барање на обвинителката Фатиме Фетаи.
Фетаи барала притвор затоа што сметала дека постои опасност од бегство поради приближување на крајот на судскиот процес за случајот познат како Монструм.
#СмилковскоЕзеро
Приведен Агим Исмаиловиќ pic.twitter.com/SAFlJnBjOG— FurKlan (@FurkanSaliu) November 13, 2020
Новинарот Фуркан Салиу на Твитер објави видео од приведувањето на Агим Исмаиловиќ.