Библиотеката ,,Кочо Рацин” од Пехчево ја реализираше манифестацијата ,,За докторот”

 Библиотеката „Кочо Рацин” од Пехчево ја реализираше манифестацијата „За докторот” посветена на ликот и делото на доктор Иван Христо Георгиев.
На манифестацијата учествуваа средношколци на кои им беа доделени дипломи за освоени места на литературниот конкурс.
 – Денешната активност ја нарековме „За докторот” и се совпаѓа со датумот 13 ноември, бидејќи на овој датум 2018 од страна на професорите д-р Јелица и д-р Атанас Николовски беше покрената граѓанска иницијатива Здравствениот дом во Пехчево да добие субјективитет и да се вика Здравствен дом ,,Д-р Иван Георгиев” – Пехчево. Денес, 13 ноември 2020 се реализира оваа иницијатива, а ние како библиотека решивме да дадеме свој придонес во одбележувањето на овој значаен датум, кога се навршуваат и 36 години од неговата смрт, истакна директорката на библиотеката Габриела Костадинова.
Поради пандемијата со Ковид 19, денешната манифестација беше одбележана без присуство на публика.
-Со овој настан го завршуваме циклусот „Месец на книгата”. Настанот го реализиравме во соработка со семејството на д-р Иван Христо Георгиев”. Дипломи денес добија Иван Јангелов и Елена Тодоровска, а благодарница Драган Колевски за соработка со библиотеката кој исполни неколку нумери во чест на семејството на д-р Иван Христо Георгиев, додаде Костадинова.
Следниот настан од културата, библиотеката го најави за новогодишните празници.
Треба да знаете
Последни објави