Повеќе од половина граѓани 52,3 проценти сметаат дека нема зошто да се разговара со Бугарија за отворените прашања надвор процесот на евроинтеграции, додека 42,2 отсто сметата дека треба да се решаваат без оглед на евроинтеграциите, покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма посветена на релациите меѓу Македонија и Бугарија.
На прашањето „според Вас, Македонија треба да ги решава отворените прашања со Бугарија без оглед на процесот на евроинтеграции? најмногу од испитаниците – 52,3 отсто рекле „не, нема зошто да се разговара со Бугарија за овие прашања”, 42,2 проценти рекле „да, тие прашања треба да се решаваат без оглед на евроинтеграциите”, додека 5,2 проценти рекле „не знам”, а 0,3 отсто одбиле да одговорат.
Анкетата, исто така, покажува дека мнозинство од испитаниците (60,7%) постојано или повремено ја следат дискусијата, а за мнозинство од граѓаните (60,4%), најчест извор на информации за овие прашања е телевизијата. Една петтина или 20,4% се информираат од интернет порталите, додека 16,4% информации добиваат од социјалните мрежи.
Анкетата е спроведена телефонски од М-проспект, во периодот од 31 октомври до 5 ноември 2020 година, на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.