Калеска Ванчева: Собранието има одговорност да работи и во време на пандемија, затоа е потребно воведување работа од далеченина само за пратениците кои се во изолација

Ние имаме одговорност како највисок законодавен дом да функционираме, во вакви ситуации кога има болни и изолирани пратеници, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во  емисијата Објектив на јавниот сервис осврнувајќи се на работата на Собранието во време на пандемија .
Таа истакна во ниту еден момент не беше кажано пратениците да не одат на работа, туку преку онлајн работа или работа на далечина да бидат вклучени во работата на Собранието само пратениците кои се во изолација, во комбиниран модел како во Словенија.
Опозицијата продолжува да манипулира, да и се додворува на јавноста и ја замајува јавноста дека пратениците ќе седиме дома, нагласи Калеска Ванчева.
Вистината е дека имаме заболени, не сме рекле дека ситуацијата со ковид не постои, како некои, состојбата е сериозна и мора да имаме мерки и конзистентни политики и затоа е потребно воведување на работа од далечина, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

 

Треба да знаете
Последни објави