(ФОТО) Дресот со кој Пандев напиша историја, заврши кај – Џамбо Агушев!

Познатиот плех-оркестар Џамбо Агушеви беше задолжен за прекрасната атмосфера попладнево во хотелот Гранд Плаза во Скопје каде фудбалската репрезентација го прослави пласманот на Европското првенство.

Водачот и еден од најпознатите македонски уметници, славен и во светот, Џамбо си доби подарок од неговиот сограѓанин и голем пријател Горан Пандев.

https://www.facebook.com/cambo.agusev.3/posts/10225057171524452

Дресот со кој Пандев го постигна голот за победа и за пласман на континенталниот шампионат заврши кај Џамбо кој со него се појави и на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави