Бојо Андрески е роден 1959 година, завршил Воена академија во Белград, како и Економски факултет во Нови Сад. Има два доктората – по правни и политички науки и по економски науки. На Европскиот универзитет предаваше меѓународен маркетинг и меѓународен менаџмент. Сиот свој живот беше човек кој имаше широки интереси и сакаше да учествува во заедницата со свој придонес. Тој го поддржа, помогна и го крена на нозе весникот „Вечер“.
Беше лидер на Партијата на правдата, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Андрески беше и еден од првите претприемачи во Македонија. Сопственик на печатницата „Цетис“.
Комеморација ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.