Во САД во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 184.514 нови случаи на коронавирус, а починале 1.431 пациент, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс”.
Бројот на новозаболени лица во еден ден од почетокот на пандемијата и четврти ден по ред бележи рекордни вредности.
Од почетокот на пандемијата во САД се заразени со Ковид-19 најмалку 10,73 милиони луѓе, а починале повеќе од 244.000.