На 9 ноември Република Северна Македонија официјално стана 13-та членка на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), која се протега на два континента и економски поврзува над 350 милиони жители, покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи по тој повод денеска на прес-конференција соопшти дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани.
-Обемот на трговија во рамките на BSEC изнесува приближно 170 милијарди долари годишно. Важно е да се потенцира дека оваа организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи на енергија на Западна Европа. Постои широк обем на соработка помеѓу земјите членки на БСЕК и Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека уште на самиот почеток земјава ќе се стреми веднаш активно да се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој, банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката, технологијата, рече Османи.
Придобивките од БСЕК не се однесуваат само на членството во структурите на Организацијата и отворањето на каналот на економската комункација меѓу земјите членки, туку и во реализација на заеднички проекти. Ова најмногу доаѓа до израз, посочи Османи, преку содзвање фонд за развој на проекти од различните сектори на Организацијата.
– Секое идно планирање мегапроекти од областа на инфраструктурата и енергеттиката кои ќе потекнуват географски од БСЕК, ние ќе можеме одблиску да ги следиме и да се вклучиме како корисник, како транзитна земја, и со тоа да обезбедиме дел од заедничките бенефити од членството во Организацијата, истакна шефот на дипломатијата.
Четири од нашите пет соседни земји, додаде Османи, веќе се членки во оваа организацијата што дополнително ни ги отвора можностите да настапуваме заеднички како соседи, како посебен регион, во рамки на БСЕК, штитејќи ги нашите регионални интереси