Јавно соопштуваме дека директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард Банка се Заеви, таму кредити без покритие земал неговиот брат Вице

Жално е што Костадин Костадинов не собра храброст и доколку верува во лагите и клевети што ги кажа од Собрание да ги повтори надвор од собраниска говорница, туку денес пушти голобрадо младо момче во оган говорејќи комплетни невистини. Костадинов не излезе зошто знае дека ќе заработи тужба за клевета.

Па затоа Васев денес ја има задачата на глинен гулаб да го покрие криминалот на Заеви во Еуростандард банката.

Јавно соопштуваме дека директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард Банка се Заеви, таму кредити без покритие земал неговиот брат Вице. 29 фирми од Струмица, меѓу кои и Сара Инжинеринг на Вице Заев, како и Глобал медиа груп и Тритерол, кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви  земале кредити без покритие и од невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра.

Младиот Васев пред да му го напишат клеветничкиот текст против Мицкоски убаво нека провери дали сопственикот на компанијата Минки е косопственик во друга фирма каде се бизнис партнери на Заеви кои го градат трговскиот центар во Прилеп. Благодариме што СДСМ ни даде можност да соопштиме уште едно мафијашко дело на Зоран Заев кое ќе биде санкционирано по промената на власт.

СДСМ не може да избега од вистината, до гуша се потонати во криминал тежок 200 милиони евра со кој пропадна банка и илјадници граѓани се оштетени. Ова е вториот ТАТ, а за него е виновен Зоран Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави