Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски, граѓаните веќе трипати ги поразија неговите антидржавни политики.
Затоа Мицко побегна од граѓаните и изборите во Штип.
Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон Европската унија.
Заев е симбол за успех и напредок, Мицкоски е симбол за пораз, деструкција и одбрана на криминал.
Граѓаните знаат дека Мицкоски е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим.
Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ.
Не успеа.
Мицкоски не смогна сили ни да аплаудира на во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.
Храбрите политики на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпишувањето на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ја прекинаа агонијата на неизвесност во државата, ги решија децениските заложби на граѓаните и државата за евроатлантска перспектива.
Нашите политики во изминатите три години се конзистентни, нашиот идентитет е цврст како бетон, а македонскиот јазик признат, еден од јазиците на ЕУ, запишан во ООН, па и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик.
Јасни се ставовите на СДСМ, а Мицкоски како и секогаш за крупните прашања нема став, и секогаш е против националните и државни интереси.