Правна форма:
Македонија и Бугарија ќе потпишат Декларација за појаснување на содржината на Илинденскиот договор од 2017 година. Ништо од содржината на оваа Декларација нема да влегува во преговарачката рамка на ЕУ со Македонија, а овој проблем се решава на билатерални основи.
Содржина:
- Историско прашање
– Врз база на меѓународните стандарди на историографијата, за непостоење на една историска реалност, туку различни историски толкувања, двете држави се согласни за плурализам во историските толкувања, кои ќе бидат изложени на меѓународна критика и забелешки;
– Македонија ја напушта југословенската доктрина, Бугарија ја напушта живковистичката доктрина, за толкување на историјата и историските факти;
– Донесените решенија и научни заклучоци на меѓународни симпозиуми и научни конференции, ќе бидат вградени во учебниците по историја на двете држави;
– Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе престане со начинот на досегашна работа и ќе спроведе “оставинска постапка”, во која целокупното културно и историско наследство на територијата на денешна Северна Македонија се прогласува за македонско, а она на територијата на сегашна Бугарија за бугарско, согласно највисоките меѓународни стандарди;
– Комисијата ќе работи интензивно, транспарентно, под меѓународна арбитража, а со работата ќе заврши најкасно во текот на 2021 година;
– Македонија и Бугарија имаат вкрстена историја, низ вековите наназад, со што имаат заедничко историско наследство. Секоја од државите по сопствен избор, ќе избери кои личности или настани ќе ги чествува, без за тоа да ја обврзува втората страна. Заеднички чествувања се можни, доколку двете држави така сметаат, но не и неопходни, зашто секоја од страните може да чествува одвоено за иста личност или настан;
– Македонија прифаќа дека со Бугарија имаме испреплетена историја до 1945 година, до создавањето на македонската држава;
– Бугарија нема да си дозволи било какво толкување на документи од македонската историја од АСНОМ па до денес;
– Бугарија изјавува дека нема никаква улога во создавањето на македонската современа независна држава и ќе престане со целата кампања за прикажување на нереална историска вистина.
- Јазичен спор
– Македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година, врз база на македонските народни наречја, кои се дел од заеднички старословенски темели со бугарскиот јазик;
– Македонците кои живееле во периодот на државно управување на Бугарија го користеле бугарскиот официјален јазик, во школите и Црквите на Бугарската Егзархија.
- Добрососедство
– Бугарија престанува со било која форма на патерналистичка политика кон Македонија, презема обврска да им наложи на сите граѓани, трговски друштва и државни институции, да престанат со било какво именување на современите Македонци за Бугари;
– Македонија ги прифаќа фактите за извршени злосторства врз цивилите од страна на службите на СФРЈ, кои биле припадници на Бугарската егзархија, но не може да преземе одговорност за дела на друга држава. Согласни се двете држави да се обратат до Република Србија за отварање на досиеата на тајните служби, исто оние кои останале во Македонија и сите на Бугарија, без селекција.
– Бугарија ги осудува сите злосторства врз цивили, направени на територијата на денешна Северна Македонија, било кога низ историјата, од страна на регуларните бугарски воени единици;
– Бугарија ја прифаќа историската вистина дека учествувала во депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, за што искажува осуда и извинување.
– Бугарија ќе престане да издава пасоши на македонски државјани и да налага етничко изјаснување за Македонците во Северна Македонија;
– Двете држави се согласни дека не постои етичко малцинство во двете земји, бугарско во Македонија и македонско во Бугарија, а граѓаните може како поединци да се изјаснат на начин на кој сами се определуваат, во рамките на нивните индивидуални човекови права и стандарди на ЕУ;
– Македонија ќе спроведе процес на репатријација на граѓаните кои се изјаснуваат како македонски Бугари, а Бугарија со институциите, политичките партии или поединци, ќе се повлече од било какво мешање во тие процеси и било каква координација на тие граѓани. Тоа е надлежност само на Македонија;
– Двете држави ќе ги избришат од регистер и ќе спречат создавање на политички партии со етнички предзнак, ќе се воздржат од било какво мешање во изборните процеси на двете земји или финансирање на политички субјекти во соседната земја;
– Името Северна Македонија се однесува исклучиво на политичкиот ентитет Република Северна Македонија и нема никакви претензии кон Пиринска Македонија, дел од Република Бугарија;
– Бугарија и Македонија ја потврдуваат подготвеноста да ја интензивираат својата блиска билатерална соработка на темелите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен акцент на економски развој и инфраструктура.