Нов негативен рекорд од 532 заразени со Ковид-19 е регистран во Албанија во последното деноноќие.
-Од тестираните 2.409 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 22 отсто од нив. Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубија седум пациенти или 612 до сега, додека оздравеа 100 лица односно 12.767 од вкупно заразените 27.233, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.
Се додава дека она што посебно загрижува, исто така, е секојдневното зголемување на бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување.Во моментов, во трите ковид болници се лекуваат 389 пациенти,што е највиска бројка до сега.
Министертвото информираше дека почнува со отворање на ковид центри во регионалните болници. Прв ваков центар профнкционира во јужниот град Ѓирокастро,кој се смета за ново жариште, а веќе е подготвен и ковид центарот во приморскиот град Валона.
Во меѓувреме опасниот врус влезе и во Муслиманската верска заедница од каде информираа дека по муфтијата во Каваја, позитивни на вирусот се и муфтијата на Тирана, кој се наоѓа на домашно лекување,како и муфтијата на Скадар,кој поради влошената состојба е префлен на лекување во Турција.