Општина Кисела Вода во должина од 850 метри и ширина од 4.5 метри, во населбата Припор врши реконструкција на улицата „Христо Татарчев”, крак 14.
Во исто време, на улицата во завршна фаза е и поставувањето на атмосферска канализација.
Денеска увид во градежните работи на улицата, извршија градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Тодор Костадиновски.
Општина Кисела Вода реконструкцијата и поставувањето на канализацијата ги врши со сопствени средства.