Речиси пола од граѓаните на Австралија кои биле опфатени со анкетата која ја спроведе најтиражниот весник „Д Ејџ“, сметаат дека еден од најдобрите тенисери во светот Србионот Новак Ѓоковиќ не требало да добие дозвола да се натпреварува на првиот гренд счем сезонава „Австралија Опен“.
Против доаѓањето на деветкратниот победник на „Австарлија опен“ се изјасниле 41% од анкетираните во земјата. Незаинтересирани за овој случај биле 29%, додека 30% сметале дека укинатат забрана за Србинот да може да дојде во Австралија е добар потег.
Ѓоковиќ пред турнирот во 2022 година беше депортиран од земјата, затоа што бил невакциниран против Ковид-19. Тој не настапи на турнирот, и притоа доби тригодишна забрана за влегување во земјата, но забраната е укината откако властите ги укинаа сите ковид мерки.
На почетокот на годинава која заминува дури 71% ја поддржаа депортацијата на Ѓоковиќ.