Харден оди кај Дурент?!

Според последните информации од Соединетите Американски Држави, екипата на Бруклин Нетс започнала преговори со Хјустон Рокетс за потписот на Џејмс Харден.

Идејата на тренерот Мајк Д’Антони во „ракетите“ исчезна и се чини дека целиот тим ќе се распадне. Д’Антони го напушти тимот, Вестбрук најави дека ќе го стори истото, а Харден наводно е на тој пат.

Се шпекулира дека „мрежичките“ за да го формираат големото трио ќе се ослободат од Спенсер Динвиди, Кери Леверт, Торијан Принц и Џерет Ален. Доколку се случи овој трејд, тогаш Бруклин веднаш ќе стане прв фаворит на Истокот, а ќе добие место во потесниот круг екипи кои ќе кандидираат за шампионската титула.

Харден ја започна својата кариера со Дурент во Оклахома, но потоа реши да излезе од неговата сенка и стана еден од најдобрите играчи во лигата во Хјустон.

Треба да знаете
Последни објави