Бугарија ќе каже не за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија бидејќи не се подготвени за тој чекор – истакна минисетрката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Зхариева на два дена пред клучниот совет за општи работи кога треба да се решава за преговарачката рамка на нашата земја.
Таа се уште стои на ставот дека Македонија ги краде бугарската историја и јазик. Според Захариева спорно е и тоа што земјава се уште ги следела и идеалите на Тито и Сталин.
По оваа последна јасна порака на Софија, и во макњедонската влада опаѓа оптимизмот за решение. Премиерот зоран заев денеска изјави дека се по извесно е дека од Бугарија ќе стаса ветото. Тој остава ронка надеж дека ќе надвладее пријателството и дека соседите ќе и подадат рака на Македониха и до крајот на годинава да се одржи првата меѓувладина конференција. Заев исткна дека со позитивни одлуки се гради пријателство, а со негативни горчина.
Министерот Бујар Османи вели дека до крај ќе се преговара не само со бугарија, туку и со другите земји членки за да се постигне договор, но смета дека се по очигледно е ветото од соседите.
На 17 ноември, oчигледно, нема да се стигне до решение за да започнат преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ. Јас не би го нарекол ова вето, туку одложување, изјави Бугарскиот еврпратеник Андреј Ковачев,Тој не ја исклучи можноста почетокот на преговорите да почне за време на некое од следните претседателства на ЕУ пред 2021 година.
„Одложување на процесот, но се зависи од Скопје. Ако одлучат да го сменат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да престанат да користат говор на омраза, тогаш ќе имаме друго решение. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во наредните денови.“
На последниот состанок на амбасадорите на ЕУ Бугарија ја блокира преговарачката рамка за Македонија, со образложение дека Европската Комисија не обезбедила гаранции за нејзините барања. Тие бараат условите да бидат вметнати во преговарачката рамка, а не во необврзувачка декларација на Советот на ЕУ.