Во Албанија денеска е регистриран нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие.
Од тестраните 2.500 сомнителни случаи, позитивни на опасниот вирус биле 597, што е 24 отсто од тестираните. Најголем број од новодијагностицираните се од Тирана или 171 лице, по што следуваат Драч и Корча со по 38, Фиер 36 и Љушња 35.
– Во изминатите 24 часа битката со опасниот вирус ја добија 122, додека за жал ја изгубија 11 пациени од 55 до 82 годишна возраст, меѓу нив и директорот на Институтот за градежништво, Агрон Хисенлиу. Во трите ковид болници хоспитализирани се 293 пациенти, што е највисока бројка досега, информираат од Министерството за здравство.
Од почетокот на пандемијата досега направени се 155.650 тестови, позитвни на вирусот биле 27.830, оздравеле 12.889, почнале 623, додека активни на болеста се 14.318 лица.
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу состојбата со пандемијата со Ковид-19 во земјата денеска ја оцени како критична и деликатна, нагласувајќи дека забрзано се зголемува бројот на заразени и оти овој месец бројот е двапати поголем во споредба со претходниот месец.
Од Министерството информираа дека веќе е подготвена четвртата ковид болница, како и дел од ковид центрите во регионалните болници. Четирите ковид болници и регионалните ковид центри располагаат со вкупно 1.600 болнички кревети.
Од друга страна опозцијата и понатаму обвинува за колапс во здравствениот систем, дека болни од коронавирус поради недостиг на празни кревети иако се во тешка состојба чекаат пред болниците во амбулантни возила.