Германија: Пациентите после Ковид-19 имаат поголеми медицински трошоци од вообичаено

Медицинските трошоци на германските пациенти кои биле хоспитализирани со Ковид-19 се зголемиле во просек за 50 проценти од вообичаеното откако биле испишани од болница, покажаа податоците на големата осигурителна компанија ДКВ, што е знак дека дури и оние што се опоравиле, се борат да го вратат целосното здравје.

Студијата на втората по големина германска здравствена осигурителна компанија ДКВ ги разгледа податоците за 5.735 пациенти со Ковид-19, од кои 605 се хоспитализирани, а 49 починати.

– Нашата проценка покажува дека пациентите кои повеќе не се заразни се далеку од здрави, изјави извршниот директор на ДКВ Клеменс Мит.

Коронавирусот се покажа како особено опасен за луѓето со срцеви заболувања, висок крвен притисок или респираторни заболувања, покажа студијата.

Сепак, 15 проценти од пациентите на кои не им биле дијагностицирани никакви хронични заболувања во претходните две години, исто така, морале да се лекуваат во болниците.

Треба да знаете
Последни објави