На насловната страница на „Вог” за првпат машко лице

 На насловната страница на декемвриското издание на познатото модно списание „Вог”, се појави, по првпат сам, маж. Тоа е Хари Стајлс – поранешен пејач на групата „Уан дајрекшн”.

Младиот пејач облече и фустан за фотографирањето и изјави дека „како дете дефинитивно сакал фенси-фустани”, па и дека „како млад носел хулахопки” за училишна претстава. Хари Стајлс, кога бендот се распадна и започна солокариера, почна да покажува поголем интерес за високата мода, па, од 2015 година, често присуствува и на модни ревии.

Тој честопати носел необична облека и експериментирал со сопствената сексуалност, како што вели. Продолжува да го гради ликот на „стрејт-маж”, но и не се плаши да носи облека што традиционално е резервирана за жени.

Треба да знаете
Последни објави