Актуелниот НБА шампион, Лос Анџелес Лејкерс, се договори со Оклахома Сити Тандер за размена во која ќе го добијат германскиот плејмејкер Денис Шредер во замена за Дени Грин и годинашниот 28-ми избор на НБА драфтот.
Според американските инсајдери во НБА, Адријан Војнаровски и Шемс Чарани, Лејкерс и Тандер се договориле за размена, која официјално ќе заврши во понеделник кога ќе се отвори пазарот. Тоа значи дека Шредер, кој има прилично добра сезона зад себе со Оклахома (18,9 поени и 4 асистенции во просек), ќе се пресели во „градот на ангелите“ во замена за 28-миот пик на годинашниот драфт, како и стрелецот Дени Грин.