Брзи тестови за коронавирус од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

Во пет здравствени институции во државава, од утре ќе се врши тетсирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и во Општата болница во Кичево, соопшти Министерството за здравство.

Лаборанти од овие установи, како што се посочува, минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, со цел во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тестира со ПЦР тест или антигенски – брз тест.

Изминатата недела во Здравствен дом Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и „Јане Сандански”, направени се 1138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави