Софија Вергара беше трогната кога ја доби честа ТВ-ѕвезда на комедијата во 2020 година на доделувањето награди „Е! Пиплс чоис“ во неделата.
Атрактивната Колумбијка (48) изгледаше занесно во креација од „Долче и Габана“ кога се качи на сцената и говореше за тоа колку ѝ значи наградата.
Таа како и секогаш зрачи со харизма и женственост.
Оваа чест на People’s Choice зазеде посебно место во срцето на Софија, иако таа и „Модерно семејство“ претходно добиле низа признанија.
„Ова е многу, многу специјална награда затоа што пред девет месеци, како што знаете, го завршивме ‘Модерното семејство’“, рече таа.
„Значи, ова е последната награда што некогаш ќе ја добијам за оваа серија. Серијата што ми го смени животот. Мојата кариера.“