Разочаран сум и тажен сум што го загубивме градоначалничкото место во Бања Лука, изјави Милорад Додик, претседател на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), пренесува ТВ БН.
Признавајќи го поразот во Бања Лука, Додик истакна дека жали што Бања Лука вака постапила кон Игор Радојчиќ, за кој вели дека е еден од најдобрите кадри на СНСД, бидејќи тој тоа не го заслужил и дека загубата на Бања Лука не е мал удар..
„ Радојчиќ добро и сериозно ја вршеше својата работа, не ми е пријатно што ја загубивме Бања Лука”, рече Додик и додаде дека Радојчиќ е еден од најуспешните градоначалници кои Бања Лука ги имала.
Додик додаде дека сметаат оти поразот може да биде и можност и ќе се обидат да ја искористат таа можност.
„ Ние имавме 40 општини, наши градоначалници, по овие избори сега имаме 41, што говори за тоа дека во три града кои не ги имавме досега – Приједор, Добој и Источно Сараево, ги добивме на изборите”, рече Додик, но и изрази жалење „не поминале добро” во Бијелина.