Пристап на интернет од дома имаат 79,9 отсто од домаќинствата

Во првото тримесечје од  годинава, 79,9 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства, во првиот квартал годинава, изнесува 87,8  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. .

Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години во првиот квартал годинава интернет користеле 81,4  отсто, а 70,9  проценти го користеле секој ден или речиси секој ден.

Според статистичките податоци,  40,1  процент од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а повеќето од нив (36,4  проценти) купиле облека или спортска опрема.

Треба да знаете
Последни објави