Јужна Африка распиша потерница по свештеник милионер

Јужноафриканските власти распишаа потерница по контроверзен свештеник, милионерот Шепард Бушири, кој плати кауција по апсењето, а потоа избега во својата земја Малави.

Бушири преку социјалните мрежи им рече на своите следбеници дека ја напуштил Јужна Африка затоа што добивал смртни закани.

Свештеникот прво бил уапсен под обвинение за измама и перење пари, потоа платил кауција и бил ослободен од затвор, а потоа избегал од Јужна Африка, не е познато кога и како, јави Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави