Заев на средба со германските парламентарци: Остануваме посветени на процесот, имаме поддршка за прва меѓувладина конференција до крајот на декември


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва имаше работна вечера со пратениците во германскиот Бундестаг Нилс Шмит од СПД и Јирген Харт од ЦДУ.

На средбата премиерот Заев и министерот Османи ги презентираа политичките позиции на Северна Македонија во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ како и напредокот постигнат во речиси сите области кои веќе ги нотираше Европската Комисија во својот извештај. Премиерот Заев го пренесе ставот дека правото на самоопределување не треба да биде предмет на дипломатијата.

Германските парламентарци ги пренесоа позитивните ставови и поддршката на нивните политички партии кои се и коалициони партнери во сојузната влада на СР Германија кон евроинтеграцијата на Северна Македонија. Истовремено изразија големо задоволство од интензивната билатерална соработка меѓу двете пријателски држави, очекување и поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во време на германското претседателство.

Треба да знаете
Последни објави