ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана и опасност за здравјето на граѓаните, послушникот на Христијан Мицкоски, Вело Марковски создава заблуда кај граѓаните во врска со опасноста од коронавирусот и истовремено ги поткопува сите напори за справување со кризата.
Маркоски застанува директно против препораката на СЗО за носење маска на отворено, која се применува во огромен број земји во светот и најави дека на Уставен суд ќе ја оспори мерката, бидејќи, според него, тоа било опасно за здравјето.
Според Марковски коронавирусот можеби и не постои, но посакува што повеќе граѓани да се разболат и смета дека нема потреба да се носи заштитна маска.
Со вакви и слични ставови Маркоски прави огромна здравствена штета во државата.
Од почеток на ковид кризата во земјата, од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните не видоа ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата.