Ериксен се сели во Англија, но во лутиот ривал на Тотенхем

Интер и Арсенал се подготвуваат за размена во зимскиот преоден рок.

Кристијан Ериксен не се наигра баш по доаѓањето од Тотенхем во Интер, па веќе во клубот од Милано размислуваат за секакви опции.

Тоа го натера да размисли за нова преселба, што ги алармираше клубовите од Премиер лигата кои и претходно се интересираа за потписот на Ериксен. Прв клуб кој ќе атакува на услугите на Ериксен е Арсенал, лутиот ривал на Тотенхем.

Можно е да се случи неверство, некогашниот миленик на Петлите да го облече дресот на вечните лути соседи. Арсенал наводно е подготвен да го жртвува Грани Џака во директна размена за Ериксен, па така Микел Артета да добие креативец каков што му недостасува во екипата.

Треба да знаете
Последни објави