На јавниот повик за субвенционирање велосипеди, пристигнаа 448 барања, од кои 443 се прифатени, а само 5 одбиени поради нецелосни документи.
Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 % од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход. За оваа намена, од буџетот издвоивме 1 680 000 денари.
Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина.