Џон Бојега ја прифаќа идејата да биде новиот 007

Џон Бојега со ентузијазам ја прифати сугестијата дека треба да биде следниот Џејмс Бонд, откако Даниел Крејг дефинитивно реши да се збогува со култната улога.

Многу имиња на sвезди се појавија како можни замени во долготрајниот серијал за славниот таен агент, вклучувајќи ги Џејмс Нортон, Том Харди, Идрис Елба и Сем Хјуган.

И 28-годишниот Британец би прифатил да биде меѓу кандидатите за нов 007, по сугестијата на неговата колешка од „Црниот пантер“ (Шури) и „Мала секира“ Летиција Рајт.

Даниел Крејг (52) последен пат ќе го глуми Бонд во „Не е време за умирање“, чија премиера претрпе неколку одложувања во услови на пандемија на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави