По повод 18 Ноември Европскиот ден за аболиција на насилството против децата, секоја година Советот на Европа ги повикува своите земји членки и партнерите да се концентрираат на една специфична тема. Годинашнава тема е посветена на „Превенцијата на ризичното однесување на децата: производството на слики или видео снимки со сексуален карактер од самите деца”, јави дописникот на МИА.
-Се повеќе луѓе прават селфи, вклучително и децата и тинејџерите. За жал, постои мрачна страна на тој тренд, што е ширење на само-генерирани слики и видеа од сексуална природа, вели во своето обраќање Генралната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ.
Според Европол, повеќето од сликите со злоупотреба на деца кои кружат денеска на Интернет, најпрво се генерирани од самите деца, без воопшто да помислат дека овие слики би можеле еден ден да избегаат од нивната контрола.
-И се чини дека опасноста расте. Децата имаат малку познавање на ризиците на кои се изложуваат. Откако ќе се вклучат во мрежата, многу тешко може да се отстранат сликите и видеата од мрежата. Децата лесно можат да паднат во стапицата на детските сексуални престапници на Интернет, кои ги повикуваат своите жртви да објавуваат повеќе слики или видеа, предупредува Марија Пејчиновиќ Буриќ.
Мерките на ограничувања поврзани со КОВИД-19 ги зголемуваат ризиците, затоа што децата имаат тенденција да играат и да разговараат преку Интернет повеќе од порано. Ова им дава на престапниците преку Интернет повеќе можност за лов преку е-пошта или несакани контакти на социјалните медиуми со децата. Покрај тоа, ограничувањата за патување доведоа до поголема сексуална злоупотреба на деца преку Интернет.
„Прашањето е сложено и чувствително, принудата на децата да создаваат такви сексуални слики или видеа од нив треба да биде, без сомневање, криминализирана”, нагласува Генералната секертарка на Советот на Европа.
-Кога станува збор за децата и тинејџерите кои пуштаат слики од нив за приватна употреба, треба да се избегнува кривично гонење. Наместо тоа, тие треба да добијат помош од специјализирани агенции, особено затоа што во многу случаи може да се сметаат за жртви на манипулација или принуда и треба да им помагаат специјализирани државни служби и невладини организации, смета Марија Пејчиновиќ Буриќ
Опасноста е реална и треба да се реши додава, таа и нагласува дека „Комитетот на Ланзароте работи на сеопфатни препораки за решавање на комплексни предизвици покренати од само-генерирани сексуални слики и / или видеа на деца, засновани врз мониторинг низ цела Европа, со придонес од невладини организации и од самите деца.