Самсунг виртуелна изложба на најпознатите исчезнати ремек дела

Ексклузивна уметничка изложба Missing Masterpieces, под покровителство на компанијата Samsung, претставува дигитална колекција на некои од најпознатите и најинтригантни ремек-дела, за прв пат достапни за секого и за кои се стравува дека се изгубени засекогаш. Благодарение на можностите на напредната технологија, исчезнатите дела на светски познати уметници, како што се Ван Гог, Сезан и Моне, сега ќе бидат достапни за корисниците на нивните  Samsung The Frame телевизори.

Низ Европа, секоја година исчезнуваат уметнички дела вредни неколку милиони евра. Покрај тоа, моменталната пандемија меѓу другото, имаше значително влијание врз уметноста и културата, бидејќи најмалку шест слики беа украдени само за време на карантинот, вклучувајќи ја и „Пролетната градина“ на Ван Гог, која исчезна точно на 167-та годишнина од неговото раѓање. Ова дело се смета за едно од најраните дела на Ван Гог и ќе биде дел од колекцијата Missing Masterpieces, заедно со неговиот познат „Портрет на доктор Гаше“ и „Белата патка“ на Жан-Батист Удри, „Поглед од над Сер Оаза“ на Пол Сезан, ремек-делото „Мостот Ватерло“ на Клод Моне и многу други.

Уметноста постои за да можеме сите подеднакво да уживаме во неа и затоа имаме колективна одговорност да ја заштитиме и зачуваме нашата култура за идните генерации. Тоа е и причината за започнување на изложбата Missing Masterpieces – за публиката да види непроценливи уметнички дела, кои можеби никогаш повеќе нема да бидат достапни, а Samsung The Frame совршено се вклопува во оваа приказна, како телевизор што е и уред и прозорец кон светот на уметноста”, истакна Iztok Sepec, директор на продажба на потрошувачката енергија за регионот Adria, во компанијата Samsung Electronics.

The Frame не е само обичен телевизор. Поради својот уникатен дизајн кој потсетува на рамка за слика, тој функционира и како мултимедијална уметничка платформа, истовремено вклопувајќи се совршено во секој ентериер кога не се користи. Во моментот кога ќе се исклучи овој телевизор, се вклучува Уметничкиот режим, трансформирајќи го празниот, црн екран во галерија од најубавите светски уметнички колекции. Покрај тоа, QLED технологијата во целост ги доловува боите на оригиналните уметнички дела.

Изложбата Missing Masterpieces е креирана да им помогне на сите љубители на уметноста, аматерските детективи и на сите оние кои активно се обидуваат да ги пронајдат овие изгубени уметнички дела, така што ќе споделуваат свои совети, теории или индиции на официјалниот Instagram профил на компанијата Samsung, со користење на хаштагот #MISSINGMASTERPIECES.

Затоа, не е изненадувачка соработката со д-р Ном Чарни, почитуван експерт во историјата на уметноста и основач на Здружението за истражување на кривични дела против уметноста (ARCA), кој е најодговорен за уредување на оваа изложба и избор на делата прикажани на неа.

„Пред да започнете да ја составувате сложувалката, прво сакате да ги соберете сите парчиња, нели? Истото се однесува и за кражба или за мистериозни исчезнувања. Трагите се насекаде околу нас – од контрадикторни изјави во медиумите до шпекулации на форумот Reddit, но таа количина на информации може да биде огромна. Токму во такви ситуации технологијата и социјалните мрежи можат да бидат корисни, поврзувајќи ги меѓусебно луѓето кои можат да помогнат во истрагата. Не би било првпат навидум безопасна трага од интернет да биде клучот за решавање на целиот случај”, истакна доктор Ноа Чарни.

Изложбата на исчезнатите ремек дела Missing Masterpieces ќе биде активна до 10 февруари 2021 година, а сите 12 уметнички дела ќе бидат достапни за корисниците на The Frame телевизорот во рамките на Samsung Art Store[1] или со кликнување на линкот:

За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/explore/entertainment/missing-masterpieces-and-lost-art-on-the-frame/.

[1] Исчезнатите ремек-дела ќе бидат достапни во 29 европски земји: Албанија, Белгија, Босна, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Косово, Летонија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

 

Треба да знаете
Последни објави