Во Италија од последици на коронавирусот во изминатите 24 часа починаа 731 лице, што е најмногу од 3 април досега, а потврдени се 32.191 новозаразени случаи, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство.
Тестирани се 208.458 лица, односно околу 50.000 повеќе отколку претходното деноноќие.
Италија е првата западноевропска земја која е погодена од коронавирусот од почетокот на годинава и досега во неа починале 46.464 пациенти.
Најголем број случаи на зараза се регистрирани во Ломбардија, која е најпогодена од пандемијата, каде се потврдени 8.448 заболени лица, двојно повеќе од вчера.