На оваа своја седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, членови на комисии, како и други кадровски прашања.
Во прилог на ова соопштение во ја пренесуваме усвоената листа на кадровски измени на владината Комисија за именувања:
1. Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, а за член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, да го избере Скендер Мехмети.
2. Владата да ја прифати оставката од проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и да ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници.
3. Владата да ја прифати оставката од Дејан Ампев и го разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување на негово барање.
4. Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.
5. Арбен Ќерими, да го именува за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за катастар на недвижности.
6. Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски да го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи.
7. Екрем Зендели, да го именува за в.д. заменик на директорот во Центарот за управување со кризи.
8. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Кичево да го именува Назим Сулејмани.
9. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Град Скопје Авдил Јонузи за Скопје
10. Согласно член 23 став 1 алинеја 3 и став 2 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија” бр. 87/2007 и 104/2015) на Јованка Ѓорѓеска да и утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрaчјето на Тетово, поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија, заклучно со 24.12.2020 година.
11. Владата донесе Предлог Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Тетово.
12. Сеадет Јусуфи да го именува за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука претставник од Центарот за стручно образование и обука.
13. Олимпија Христова Заевска, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а за член да ја именува Ширет Елези.
14. Владата на Република Северна Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот.
15. Владата на Република Северна Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје, да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази.
16. Владата на Република Северна Македонијa заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец.