Стефанос Циципас го доби драматичниот меч со Андреј Рублев на завршниот тениски АТП Мастерс во Лондон. По овој исход се зголеми неизвесноста во групата во која Циципас и Рафаел Надал во директен дуел ќе одлучуваат кој ќе биде вториот патник во полуфиналето од групата, бидејќи од вечерва е јасно дека првиот е Доминик Тим кој веќе забележа две победи.
Циципас го доби првиот сет преубедливо со 6:1 и најави лесна победа, но Русинот го возврати ударот и со 6:4 во вториот сет, се избори за решавачки трет сет.
Во него немаше брејкови и загубени сервиси, па тај-брејкот го решаваше победникот на мечот.
Циципас водеше со 5:2, па дозволи Рублев да дојде на 5:6, но рускиот тенисер не ја искористи меч топката, по што следуваше серија на Циципас за 8:6 и победа на овој дуел со 2:1 во сетови.