„Како Влада и Министерство продолжуваме во изградбата на концептот едно општество за сите, кое значи праведно, солидарно општество, кое што создава услови за учество на сите граѓани на еднакви основи, да учествуваат во општествениот живот.
Денес продолжуваме со потпишување на дополнителни десет договори, вклучително и руралните општини. Тоа се општините Чучер Сандево и Бутел со еден договор, Јегуновце,Теарце и Желино исто така во еден договор, потоа Крива Паланка, Кичево , Македонски Брод, Центар Жупа, Струга , Демир Хисар, Кавадарци и Струмица“, изјави министерката Шахпаска по повод потпишувањето на Договорите за грант за развој на социјалните услуги со општините.
Таа истакна дека со новите 10 , вкупно 17 општини имаат потпишано договори за грант за развој на социјални услуги, а до крајот на годината ќе бидат потпишани уште 7, со што вкупната бројка на грантови предвидена за оваа година е 24.
„Со потпишувањето на договорите, општините имаат обврска во рок од пет месеци преку општинските координатори и едукација на даватели на услуги да овозможат пружање на социјални услуги во домовите на стари лица и на лица со попреченост , како и поддршка на старите лица и лицата со попреченост во Дневните центри“, информираше министерката Шахпаска.
Таа посочи дека ова преставува исчекор и во еден друг правец, намалување на невработеноста, бидејќи се дава можност за ангажирање на граѓаните во нивната локална средина преку вклучување во овие сервиси и даватели на услуги и обезбедување на пристоен надоместок.
„Како Министерство за труд и социјална политика остануваме посветени на целосна имплементација на социјалната реформа, која што ги адресира конкретно прашањата и проблемите на сите граѓани“,истакна министерката Шахпаска.