Англиската национална здравствена служба (НХС) е под притисок и бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците мора да се намали пред зимата, изјави денеска мединскиот директор на англиската здравствена служба, Стивен Повис.
-За жал, се уште е зголемен бројот на пациенти во болничките кревети… Постои притисок врз нашиот здравствен систем, рече Повис на прес-конференција.
Според него, навистина е важно со почетокот на зимата бројките на пациенти да почнат да опаѓаат и во самата зима Англија да влезе со многу помал број пациенти со Ковид-19 во болниците.